Поетски збор - категорија

развенча повеќе

развенчаат
Вид збор: Глагол, свршен
Лиши некого од слава, почит.
Албански: demaskoj
Примери:
Тогаш го развенчале како поет.

развиори повеќе

развиорат
Вид збор: Глагол, свршен
развее, раздува
Англиски: unfold Албански: valvit
Примери:
Да развиорат еден радосен трепет.
(се развиори) Се пројави со голема сила.
Англиски: unfold Албански: përhap, valvoj
Примери:
Да се развиори докрајно гласот на совеста.

разлулеан повеќе

разлулеаниот
Вид збор: Придавка
Што е занесен, поведен од емоции.

размир повеќе

Види и: размирица (ж.)
мн. размири
Вид збор: Именка, машки род
размирица

рами повеќе

рамат
Вид збор: Глагол, несвршен
нарамува
Англиски: shoulder
Примери:
Пушка со песна рамат јунаци.

рана повеќе

мн. рани
Вид збор: Именка, женски род
Штета, пораз, загуба.
Англиски: damage Албански: plagë

раскласи повеќе

Види и: класи (несв.)
раскласат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне брзо да се класи.
Албански: qes kalli

раскласува повеќе

Види и: раскласи (св.)
раскласуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) раскласи

растајни повеќе

(се) растајнат
Вид збор: Глагол, свршен
Одгатне, растолкува, разјасни, отркие нешто тајно.
Англиски: reveal

растрој повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
растројство
Англиски: disorder

расчекорен повеќе

расчекорениот
Вид збор: Придавка
Раздвижен, во итање, во од.
Примери:
Расчекорени луѓе.

рее повеќе

реат
Вид збор: Глагол, несвршен
За поглед - лута, занесено гледа.
Англиски: rove Албански: bredh, gjarpëron
Полека разнесува, шири нешто (студ, светлина, миризба).
Англиски: spread

рефлексивен повеќе

рефлексивни
Вид збор: Придавка
Длабок, кој размислува, мисловен.
Англиски: reflexive

рогач повеќе

рогачот
Вид збор: Именка, машки род
Месечина која не е полна.
Англиски: crescent Албански: gjysmëhënë

рожбен повеќе

Види и: рожба (ж.)
рожбениот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со рожба.

руј повеќе

Вид збор: Именка, машки род
руменило
Англиски: redness Албански: të kuq
Примери:
И само усни со руј ти горат.

румее повеќе

Види и: руменее (несв.)
румеат
Вид збор: Глагол, несвршен
руменее

румен повеќе

Види и: руменило (ср.)
румени
Вид збор: Именка, машки род
руменина, руменило
Англиски: ruddy

руменолик повеќе

руменолика
Вид збор: Придавка
Кој е румен, кој има румено лице.

русолик повеќе

русолики
Вид збор: Придавка
Кој има светол лик.
Примери:
русолика пролет
б - в - г - д - ж - з - ѕ - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ц - ч - ш